Кралицата Елизабета доби уште едно правнуче: Бакингемската палата објави убава вест

Среќниот пар доби девојче

Принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Мочи го добија своето прво дете, ќерка, чие име се‘уште не е откриено во јавноста.

За кралицата Елизабета, ова е 12-то правнуче, така што оваа девојче е 11-та во редот за наследување на престолот.

Принцезата се породи во болницата Челзи и Вестминстер во Лондон, а веста ја потврди Бакингемската палата.

- Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и г -дин Едоардо Мапели Мочи имаат ќерка, принцезата се породои восаботата, 18 септември 2021 година. Бебето е тешко 2,7 килограми - пишува во соопштението од кралското палто, пренесуваат британските медиуми.


Принцезата Беатрис исто така ја сподели добрата вест на Твитер и му се заблагодари на болничкиот персонал за се‘ што направиле за неа.

Среќниот пар се венча во јули минатата година, а кралското семејство ја објави веста за бременоста кон средината на мај.


Фото: Profimedia