Кралицата Елизабета за прв пат по 70 години владеење блесна на насловната страница на „Вог“

Новото издание всушност ќе има двојна корица - едната со кралицата Елизабета Втора, а на другата актерка Ања Тејлор-Џој која ја отелотвори во серијата „Круна“ на Нетфликс.

Кон седмата деценија од нејзиното владеење, кралицата Елизабета Втора доби чест да се појави за прв пат во историјата на насловната страница на британскиот моден магазин Vogue. Списанието на тој начин и оддаде почит како монарх со најдолг стаж, а се наближува и 96-от роденден на кралицата, до кој има помалку од еден месец, на 21 април, па не недостигаат причини за славење.

View this post on Instagram

A post shared by British Vogue (@britishvogue)


Во априлското издание, „Вог“ ја коментираше својата единствена врска со кралицата Елизабета, извлекувајќи неколку познати, но и ретко видени фотографии од својата ексклузивна архива во куќата „Вог“ во Лондон. Новото издание всушност ќе има двојна корица - едната со кралицата Елизабета Втора, а на другата актерка Ања Тејлор-Џој, која ја знаеме од серијата „Дамин гамбит“ на Нетфликс.

View this post on Instagram

A post shared by British Vogue (@britishvogue)


Фотографија на Елизабета Втора која ќе се најде на насловната страница во април е создадена во 1957 година, пет години по почетокот на нејзиното владеење. Таа потоа застана пред објективот на фотографот Ентони Армстронг Џонс, позирајќи со дијамантска дијадема оригинално направена за кралот Џорџ IV. Секако, актерката на насловната носи реплика на дијамантска дијадема.

View this post on Instagram

A post shared by British Vogue (@britishvogue)


Кралицата Елизабета Втора беше крунисана на 6 февруари 1952 година, а оваа пролет се е во знакот напрославата на платинестиот јубилеј. Како што рече уредникот на Вог, Робин Муир, во својот есеј за животот на кралицата пред фотографската камера, историјата на кралското семејство и Вог се засекогаш испреплетени.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - theroyalfamily

Кејт Мидлтон на градите ја носи кралицата Елизабета Втора: Скапоцениот орден и смарагдниот фустан го воодушевија светот