Кралицата Летиција „рециклираше“ модно совршенство и покажа дека нема комплекси: Елегантна и заводлива комбинација

Добивај вести на Viber

Шпанската кралица Летиција уште еднаш го покажа својот беспрекорен стил кога се појави во Тенерифе со својот сопруг кралот Фелипе. Таа се одлучи за модно ’рециклирање’ и изгледаше многу елегантно во темносин комплет кој веќе го носеше во една прилика.

Кралицата Летиција повторно носеше темносин топ и здолниште од шпанскиот бренд Galcon на настанот што се одржа во чест на оние кои помогнаа во борбата со шумските пожари во областа. Комплетот е прилично смел поради подлабокиот шлиц покрај здолништето, а стиснатата половина одлично ја истакнува нејзината фигура.


View this post on Instagram

A post shared by Royal Fashion Police (@royalfashionpolice)



Комбинацијата ја спои со сјајни металик мокасини и сина клач чанта, како и елегантни златни обетки. Нејзиниот сопруг, од друга страна, изгледаше типично нежно во тегет костум со пруги.


Оваа комбинација првпат ја носеше на затворањето на филмскиот фестивал Атлантида во културниот центар Ла Мисерикордија во Палма де Мајорка во 2021 година, а потоа ѝ се придружи и познатата актерка Џуди Денч.


фото: инстаграм