Кралицата Летиција во најопуштено издание досега: Успеа да ги спои лежерниот и деловниот стил

Добивај вести на Viber

Таа изгледа неверојатно што ѝ да облече

Кралицата Летиција често се појавува на важни настани, со важни луѓе, за да ги извршува своите кралски деловни должности.

Така таа вчера беше фотографирана во Колумбија, каде беше во посета на една од најсиромашните населби во оваа земја. Летиција секогаш се облекува според ситуацијата и навикнати сме да ја гледаме во елегантни и доследни комбинации кои секогаш нѐ оставаат без здив.


Но, овојпат со оглед на тоа дека посетила сиромашен народ на кој му треба помош, Летиција се одлучила за лежерен стил кој одговара на приликата.


Таа носеше маслинесто зелени фармерки со бела кошула и постигна деловен изглед.

Над кошулата носеше црвен работен елек, а на нозете има таканаречени канадски чевли.


Косата ја врзала во опавче, а може да се забележат дискретни обетки со кои ја заокружила оваа комбинација.


Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screenshoot