Кралицата на светската музичка сцена живееше живот од пеколот: Една тајна однесе во гроб, а ќерка ѝ и го задала најтешкиот удар

На денешен ден во 1963 г. родена е една од најдобрите пејачки на сите времиња - Витни Хјустон.

Сопственичката на неверојатно раскошниот глас, Витни Хјустон ги одбележа осумдесетите и деведесеттите години со своите големи хитови, а белегот што го остави на музичката сцена тешко може да се надмине, според мислењето на многу луѓе ширум светот. Сепак, Витни на своја кожа не ја почувствува само светлата страна на својата блескава кариера и слава...

Родена е во Њу Џерси, како трето и најмало дете на Џон и Киси Хјустон. Таа пораснала слушајќи џез, соул и госпел. Дека крвта не е вода покажува и фактот дека нејзина тетка била легендарната Арета Френклин. Таа прва го истакнала својот неверојатен талент. Освен што поседуваше посебна дарба, животот не ја поштеди.

Витни дефинитивно потекнува од музичко семејство. Со нејзината мајка, исто така одлична пејачка, првиот настап го имала на 14 години. И веќе како тинејџерка ја снимила песната „Life is Party“ со групата на Мајкл Загер. 

Иако веќе добила можност професионално да плови во музичките води, нејзината мајка Крис се спротивставила, сакајќи нејзината ќерка да го продолжи образованието. Како што талентот на пејачката станувал сè поочигледен, таа попуштила и ѝ дозволила на Витни да пее придружни вокали во песната „I Am Every Woman“, која сама ја сними после долги години, претворајќи ја песната во голем хит.

Таа не се откажала од намерата да стане пејачка. За остварување на нејзината голема желба пресудна била средбата со продуцентот Клајв Дејвис. Била убедена дека таа ќе постигне голем успех и не погрешила.

Пејачката со најмногу награди во историјата на музиката

Верувале или не, првиот албум што го снимила во 1985 година и го донесе првото Греми. Нејзиното музичко деби стана глобален хит, а таа преку ноќ стана голема ѕвезда. Од тој момент наградите станаа составен дел од нејзината кариера. И не само тоа!

Имено, таа заврши во Гинисовата книга на рекорди како женски изведувач со најмногу награди во историјата на светската музика. Таа доби вкупно 415 награди, вклучувајќи две Еми награди, шест Греми награди, 30 Билборд музички награди и 22 Американски музички награди. 

Се проба и како актерка. Таа глуми и во неколку филмови, од кои „Телохранител“ постигна најголем успех. Заплетот на овој филм опишува прекрасна љубовна приказна, која Витни ја прикажа рамо до рамо со Кевин Костнер.

Од друга страна, во приватниот живот немала многу среќа при изборот на партнери. Нејзините врски со актерот Еди Марфи и рагбистот Ренди Кониган завршија неславно. Некои, набљудувајќи го нејзиниот љубовен живот, во неа видоа емотивно нестабилна жена.

Една љубов го одбележа нејзиниот живот

Љубовта што го одбележа нејзиниот живот беше Боби Браун. Тие се забавуваа три години и се венчаа во 1992 година. Таа знаеше да каже дека тој е совршен маж за неа. Сепак, нивниот брак беше далеку од тоа. Тие се разведоа, а блиски до поп дивата рекоа дека таа никогаш не го преболела Боби. 

Иако се зборуваше дека Браун тешко ја поднел нејзината смрт, четири месеци по трагедијата, тој се ожени со менаџерката Алиша Етериџ.

Небото немаше да ѝ биде граница, доколку дрогата не ѝ застанеше на патот

Од многуте неволји што ја снашле во животот, најтешко ѝ било сознанието дека и нејзината ќерка Кристина е наркоманка. Подеднакво силен удар беше и веста дека нејзината наследничка се забавува со посвоениот син Гордон. 

И мајката и ќерката имале слични трагични судбини. Ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун почина во 2015 година, шест месеци откако беше пронајдена под сомнителни околности во када, онесвестена, со модринки и исфрлен заб.

Витни водеше вечна битка со пороците. Со години користела крек, кокаин, марихуана. Двапати била уапсена и двапати се обидела да се ослободи од дрогата на програма за рехабилитација. Се памети и скандалот од 2010 година кога изеде парче крек и рече дека тоа е нејзината храна во утринската програма на CBS каде што требаше да ги претстави своите кулинарски вештини.

Изгледа дека товарот на славата многу тешко го поднела, но никогаш не се откажала од музиката. Имала намера да се врати на сцената. На почетокот на 2012 година почнаа да кружат гласини дека Витни има проблеми со парите, што таа брзо ги демантираше. Напорно работеше на мјузикл, ѝ беше понудена и функцијата судија во популарното шоу „Икс фактор“. За жал, судбината го спречи големото враќање на легендарната Витни.

Непосредно пред смртта била видена во холивудскиот клуб Тру во алкохолизирана состојба. Видно згрчената пејачка билаисфрлена од клубот од обезбедувањето, со крвави гребаници по нозете.

Веста дека една од најдобрите пејачки на сите времиња почина го шокираше целиот свет. Витни влезе во музичката историја и во срцата на милиони фанови ширум светот.

Полицијата го затвори случајот со образложение дека Витни починала во када со случајно давење на 11 февруари 2012 година. Подоцна, обдукцијата покажала дека пејачката имала предозирање со наркотици и дрога во крвта. На нејзиниот погреб присуствуваа пријателите и семејството, а потресен говор одржа и нејзиниот долгогодишен пријател Кевин Костнер.

Сакала и жени?

Во најновиот документарец за Витни, „Can I Be Me“, беа откриени малку познати детали за музичката легенда.


Нејзината блиска соработничка, стилистката Елин Лавар, како и телохранителот на пејачката Кевин Амонс изјавиле дека Витни Хјустон била бисексуалка и дека имала долга врска со нејзината асистентка Робин Крафорд.

И покрај бројните шпекулации за турбулентниот живот на Витни Хјустон, едно е сигурно - нема ниту еден човек на светот кој барем еднаш не ја сакал нејзината песна. Таа со својот глас ги освои луѓето ширум планетата кои и денес ја обожаваат, а најпозната обожавателка и е Ријана.

Иако планирала да се врати на сцената, реалноста е дека никогаш не ја напуштила. И денес нејзините песни се пеат во дует, а љубителите на нејзината музика и оддаваат почит преку бројни концерти, изложби и мурали.


Фото: Профимедиа

Извор: стилкурир

Во галеријата подолу погледнете некои од најубавите моменти од одличната кариера на Витни Хјустон: