Кралот ќе прави ДНК? Овој човек тврди дека е син на Камила Паркер и кралот Чарлс: „Имам доказ дека тие се мои родители“

Сајмон Доранте-Деј (56) со години вели дека е дете на кралот Чарлс III и на кралицата придружничка Камила Паркер од нивните помлади денови.

Кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила наскоро би можеле да добијат правни документи, во кои ќе има барање за ДНК анализа од извесен Симон Доранте Деј кој тврди дека е нивно биолошко дете!

Австралиецот Сајмон Доранте Деј со години вели дека е биолошки син на Чарлс и Камила и дека има докази за тоа, пишува RadarOnlin.com.

Сајмон Доранте Деј тврди дека неговата баба работела за кралицата Елизабета. Таа жена наводно на смртната постела му рекла дека неговите биолошки родители се Чарлс и Камила. 

Доранте Деј е роден во 1966 година, што би значело дека е зачнат пред бракот на Чарлс со Дијана.

Сајмон верува дека Чарлс и Камила го дале на персоналот да го одгледа, а по смртта на кралицата Елизабета повторно ја започнал оваа приказна која со години ја „турка“ во медиумите.

Тој ѝ пишуваше на кралицата во претходните години со надеж дека ќе добие одговор, но тој никогаш не дојде.

Доранте во интервју за странски медиуми изјави дека наскоро ќе достави правни документи за ДНК анализа.

Правните претставници му рекле дека нема причина Чарлс да биде „над законот“ и дека најверојатно ќе мора да одговори на неговото барање за ДНК анализа.

„Без разлика што ќе се случи - ја знам вистината, знам дека тие се мои родители“. 

Да потсетиме дека љубовта меѓу Чарлс и Камила започнала кога се запознале на една забава кога биле многу млади. Тогаш Камила на Чарлс му рекла: „Мојата прабаба беше љубовница на твојот прапра прадедо. Се чини дека имаме нешто заедничко“.

Се зборува дека Чарлс потоа ја изгубил главата по Камила, дека се забавувале, а тој неуспешно ја запросил дури три пати. Но, набрзо нивните патишта се разделија, се омажија за други луѓе, но љубовта никогаш не престана.

Дали Симон Доранте Деј е плод на таа младешка љубов, останува да видиме дали некогаш ќе се изврши бараната ДНК анализа.


Фото: Профимедиа

Од љубовница до кралица придружничка: Дијана велеше дека Камила не е убава, а за тоа време таа го заведувала принцот