Кроациа осигурување Живот дел од Авицена Женска трка

Добивај вести на Viber

Седмото издание на Авицена Женска трка успеа да ги изненади сите. Од бројот на учеснички до големата позитивна енергија која се прошири низ Скопје. 

Како дел од околу 2.400 учеснички, на патеката со голема мотивација и желба да покажат дека спортот и здравјето треба да е секојдневие на што поголем број луѓе, стапнаа и дел од вработените од компанијата Корациа осигурување Живот.

Како општетсвено одговорна компанија, Корациа осигурување Живот секојдневно се грижи за луѓето и годинава беше еден од спонзорите на Авицена Женска трка. Најсреќните три натреварувачки во лотаријата добија ваучери за полиса за животно осигурување од Корациа осигурување Живот.

KОКО- Заштитниот лик на Детското штедно осигурување на Кроациа осигурување Живот, со својата позитивна енергија исто така се приклучи на женската трка и ги дружеше своите другарчиња дечиња.