„Крстот го носам 40 години“: Медицинска сестра била принудена да гo извади ланчето на работа, одбила и сега трпи големи последици

Во болница во Лондон, медицинска сестра била принудена да го извади ланчето со приврзок крст

Мери Онуоха, која работи како медицинска сестра, ги тужела претпоставените бидејќи ја суспендирале од работа затоа што носела крст околу вратот. Бидејќи Мери одбила да го стори тоа, оттогаш претрпела големи последици.

Таа веќе 18 години е вработена во болницата „Кројдон“ во Лондон, а сега е буквално избркана поради ланче кое претставува „ризик по здравјето на пациентите“.

Според зборовите на Мери, шефот на одделот ѝ рекол дека ќе се јави во обезбедувањето доколку не го тргне ланчето, а според жената, на сите останати им било дозволено да носат верски обележја.

На почетокот, во 2018-та година, тој ѝ рекол дека мора да го симне крстот бидејќи тоа е прекршување на кодексот на облекување и побарал од неа да носи барем подолго ланче за да не се гледа приврзокот, доколку не сака да го извади скроз.

Таа одбила да го направи тоа, по што била прераспределена, а потоа во 2020-та година била ангажирана да работи на информации, по што била принудена да поднесе оставка.

Мери доаѓа од Нигерија, а по смртта на нејзиниот брат решила да биде медицински работник. Таа сега на суд ги тужи своите претпоставени за вознемирување, дискриминација и неуредно однесување.

- Го носам крстот 40 години и ова е напад на мојата вера. Никогаш никому не сум нанела штета поради мојот крст. Напротив пациентите често ми кажуваат дека им се допаѓа приврзокот. Сакам да го носам бидејќи знам дека Бог ме сака и дека е со мене во оваа ситуација - изјавила Мери, пренесува британски „Метро“.


Извор: najzena.rs