КРУНАТА МУ ЈА ПОСВЕТУВАМ НА ТАТКО МИ: Емилија Розман победи на Мис интернационал туризам

Добивај вести на Viber

Оваа победа како и сите други во мојот живот, му ја посветувам на мојот татко, кој за жал не успеа да види како победувам на некој избор, ама се надевам дека гледа од некаде и се радува за мене

Актуелната Мис на Македонија, Емилија Розман, победи на изброт за Мис интернационал туризам, кој се одржа во Бугарија, во Свети Влас. Победничката титула, таа му ја посвети на својот покоен татко.      

 „Освен во Свети Влас, имавме претставувања и во Сончев брег и во Несебар. Настапуваа 30 девојки од целиот свет. Ја имав таа среќа да победам,  прва придружничка ми беше Украина, а втора Италија. На изборот заминав преку мојот национален директор Робер Граматиков. Имавме настап во национален костум, бикини и во вечерна тоалета. Среќна сум што по толку настапи на интернационално ниво успеав да и ја донесам круната на Македонија. Оваа победа како и сите други во мојот живот, му ја посветувам на мојот татко, кој за жал не успеа да види како победувам на некој избор, ама се надевам дека гледа од некаде и се радува за мене", изјави Розман за Женски магазин од Бугарија. 

Нејзиниот татко, Дамир за кој беше многу врзана почина пред неколку месеци. Емилија, освен што е успешен модел е и познат хуманист, е волонтер во Црвениот крст и дипломиран дефектолог.               

        

                

М.Џаровска