Лаф- муабет со Методија Илиевски: Битолчаните посветуваат поголемо внимание на својот изглед од Скопјаните
За Методија Илиевски алиас Менде на битолски, како што вели, жителите на конзулскиот град зборуваат исклучиво суперлативно. Уште во раната младост, на 19-годишна возраст, кога ја организирал работата во неколку познати кафулиња, ги убедил сите во менаџерските способности, а потоа се префрлил во продажниот сектор на „Пелистерка“ со кој раководел извесно време. Континуираното надградување и поставувањето на реалните цели во животот, како савоар вивр, придонеле за негово успешно работење и како советник на Градското собрание на Битола (три мандати со ред) од СДСМ, и како раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и како меѓународенракометен судија на EHF. А, има неполни 35 години.
ММ: Па добро, како успевате да ги синхронизирате, усогласите работите со кои се занимавате професионално?
- Навистина е напорно и потребно е доста енергија во текот на денот за навремено да ги завршам своите обврски. Не паметам кога сум немал обврска или подолг период не сум бил без некаков ангажман. Но, така живеам веќе долго и ако тоа не е така, не можам да функционирам. Искрено, најбитен момент ми е сонот. Доколку претходната ноќ сум поминал 8 часа в кревет, тогаш без проблем ги реализирам своите обврски во текот на денот. Исто така, нешто без кое не можам е физичката активност, активен сум скоро секој ден. Обично за време на викендите, кога се наоѓам на ракометниот терен во улога на судија, ги полнам батериите. После добар натпревар сум како нов, тоа ме исполнува.
ММ: Тука е и Вашата фамилија, сопругата и синчето. Дали сметате дека им се посветувате доволно имајќи ги предвид Вашите ангажмани, работни обврски? Како го поминувате времето со нив?
- Синот е нешто што ме прави среќен, нешто што ме тера да продолжам да работам и поставувам цели. Јас сум човек кој често пред себе поставува цели и сум истраен и упорен максимално до моментот на реализација на одредена моја цел. Не се откажувам. За тоа да биде така, во многу ситуации ми помогнале моите најблиски, фамилијата и пријателите на кои сум горд. Никогаш не ги заборавам, но добро знаат и тие дека секогаш можат да сметаат на мене. Целото интервју со Методија Илиевски прочитајте го на Машки магазин.