Највскусниот рецепт за ЛАВА КОЛАЧ: Чоколада во чоколадата!
Чоколаден вулкан полнет со чоколадна лава. Ова е колач од соништата за сите гурмани.
Чоколаден вулкан полнет со чоколадна лава. Ова е колач од соништата за сите гурмани. Што ви е потребно:
170 г чоколадо за готвење
110 г путер
3 јајца
65 г шеќер+лажичка екстракт од ванила
Како да го подготвите:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Модлите за колачи, добро намастете ги за полесно да ги вадите колачите подоцна.
- На пареа стопете го путерот и чоколадата. Белката изматете ја пенесто со 65 грама шеќер, додајте екстракт од ванила и смесата со чоколадо.
- Изматете цврста смеса од белката и постепено додавајте ја лажичката шеќер.
- На смесата од белка полека додавајте и ја мешавината со чоколадо и внимателно мешајте.
- Со смесата наполнете ги калапите и печете околу 10 минути, додека рабовите на колачот не се испечат, но средината треба да изгледа помалку влажно, околу 10 минути.
Совет плус: Лава колачот сервирајте го со топка сладолед од ванила и парче банана.