Ледената убавица Јелена Карлеуша го одбележа 43-от роденден: Со интимна прослава, но во голем стил (ФОТО)

Поп дивата Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 43-ти роденден.

За оваа прилика, популарната пејачка преку социјалните мрежи доби многу честитки од пријателите, колегите и фановите во текот на денот, а денес славеничката одлучи да објави и неколку фотографии на својот Инстаграм.

Имено, згодната русокоса објави сет фотографии направени за време на интимната прослава за нејзиниот роденден и се заблагодари за бројните емотивни пораки и убави желби кои ги добила.

- Ви благодарам на сите за честитките и најдобрите желби! Продолжуваме понатаму во голем стил! Ни повеќе ни помалку! Те сакам!
П.С. Немав роденденска забава оваа година, бев со најтесниот круг на семејството и пријателите, се одмарав и ги полнев батериите за настапите пред нас - напиша Карлеуша.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


Пејачката блесна во необична модна креација, а не изостана ниту необичната роденденска торта. На крајот од прославата, музичката sвезда заврши облечена во базенот на нејзината семејна куќа на Дедиње.


фото:instagram
извор:nadlanu.com