Лекарка откри: Дали вакцината против ковид-19 е безбедна и се препорачува за дијабетичари!
Ова е едно од
најчестите прашања
- Дефинитивно е јасно познато во медицината засновано на докази дека дијабетес тип 1 и 2 имаат три до четири пати поголем ризик да заболат од корна вирус со потешка клиничка слика, но од друга страна се покажа дека добрата гликорегулација е значаен фактор во намалување на болеста и смртноста. Американското здружение за дијабетес, кое е наш лидер во професионалниот аспект на третманот со дијабетес, јасно истакна дека вакцинацијата е една од најбезбедните опции за излез од оваа епидемија кај дијабетичарите. Затоа, вакцинацијата е ефикасна терапевтска алатка, безбедна, во спречување на болеста и ширење на вирусната инфекција на ковид-19 - вели енкринологот д-р Едита Стокиќ од Србија.
Д-р Стокиќ вели дека немало сериозни несакани ефекти кај оваа популација по вакцинација со вакцина против ковид-19, но издала и упатства што да се прави по имунизацијата.
- Кога ќе се направат истражувања, пред се со вакцината Фајзер, се следат и несаканите ефекти. Како што е соопштено, тие биле лесни, главно болки во рацете и малаксаност, кои биле со многу кратко траење. Како и да е, знаеме дека ваквите реакции се јавуваат како имунолошки одговор на примената вакцина. Кај пациенти со дијабетес, важно е да се внимава на вредностите на шеќерот во крвта за еден ден или два, да се земат доволни количини на течности, особено ако доминира симптомот на слабост и малаксаност - вели лекарката.
Фото: Youtube printscreen/K1 Televizija
Можеби ќе ве интересира:
Револуционерно откритие за тестирање на антитела од Ковид-19: Што значи резултатот за нашиот имунитет?