Леталото Орион на НАСА стигна на Месечината: Она што го соопштија контролорите на летот е воодушевувачко ВИДЕО

Во понеделникот, Орион стигна на Месечината за прв пат по програмата Аполо на НАСА пред 50 години. Летот до Месечината е клучната точка на пробниот лет вреден 4,1 милијарди долари, кој започна минатата среда.

Вселенското летало Орион на НАСА стигна до Месечината во понеделникот, откако прелета 130 километри над површината на Месечината, и сега ќе почне да влегува во поширока орбита. Капсулата во која има три кукли со сензори за мерење на вибрации, космичко зрачење и други услови во вселената, наместо екипаж, ѝ пријде на Месечината од нејзината темна страна, која не се гледа од Земјата.


Поради половина час прекин на комуникацијата, контролорите на летот во Хјустон не знаеле дали движењето на Орион поминало добро се додека капсулата не се појавила на видливата страна на Месечината, на оддалеченост од 375.000 километри од Земјата.

Откако сигналот беше повторно воспоставен и леталото ја напушти далечната страна на Месечината, беше испратена слика на Земјата, „мала бледо сина точка“ во темнината.

Видеото од Месечината и нашата бледо сина планета на повеќе од 370.000 километри ги остави без здив вработените во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, центарот на контролата на мисијата, изјави директорот на контролата на летот Џад Фрилинг, кој рече дека самите контролори на летот биле апсолутно воодушевени од виденото.

Орион мораше да лета околу Месечината за да добие доволно брзина за да влезе во широката овална орбита на Месечината. Доколку се оди според планот, во петок моторите ќе се активираат уште еднаш и капсулата ќе биде поставена во таа орбита.

Во понеделникот, Орион стигна на Месечината за прв пат по програмата Аполо на НАСА пред 50 години. Летот до Месечината е клучната точка на пробниот лет вреден 4,1 милијарди долари, кој започна минатата среда.

Следниот викенд Орион треба да го собори рекордот на НАСА за далечина за вселенско летало дизајнирано за астронаути, што е оддалеченост од околу 400.000 километри од Земјата, поставен од Аполо 13 во 1970 година.

Потоа ќе го продолжи својот лет за да го достигне своето најголемо растојание од Земјата од речиси 433.000 километри следниот понеделник.

Капсулата ќе помине речиси една недела во орбитата на Месечината пред да се врати назад, а слетувањето во Тихиот Океан е закажано за 11 декември.

Ракетата Space Launch System (SLS), најмоќната НАСА што некогаш ја изградила, се покажа исклучително добро во својот дебитантски пробен лет, изјави за новинарите менаџерот на мисијата Мајк Сарафин.

Тој рече и дека стручните тимови сега се занимаваат со два проблема кои бараат решенија - едниот е мониторингот на навигацијата, а другиот е прашањето на енергетскиот систем.

Доколку пробниот лет со куклите биде успешен, астронаутите ќе летаат околу Месечината и назад веќе во 2024 година, а доколку и таа мисија помине добро, слетувањето на две лица на Месечината се очекува во 2025 година.


(Foto: NASA)