Моден фокус // Трендови
Лила како Ким Кардашијан: Хеланки и облини
Водителката Лила Филиповска облечена во виолетови хеланки и ролка позира пред огледало.
Лила одбра стајлинг по теркот на реалити ѕвездата Ким Кардашијан која пред неколку години се појави во слични такви хеланки.
„Кожа на кожа“, напиша Лила додека вака облечена танцува на песна.
Кардашијан во 2020 година на модната недела во Париз се појави во латекс хеланки со кои мака мачеше додека ги облече. Таа во нејзиното шоу објави и како изгледа процесот на облекување на ултра тесните латекс хеланки од модниот бренд „Балман“.
Ким едвај успеа да ги облече хеланките, при што коментираше дека латексот толку стега, што чувствува дека кожата ја боли.