Животна училница // Приказни
Лила се крсти во светите води на реката Јордан: Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог
Водителката Лила Филиповска деновиве е на патување во кралството Јордан, а токму таму, денес ѝ се исполни нејзината голема дамнешна желба.
Лила се крсти во светите води на реката Јордан, каде Јован Крстител го крштевал Исус Христос.
- Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба…. Крштевање во светите води на реката Јордан местото каде Јован крстител го крштевал Исус.
Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог.
Да правиме добри дела и да шириме љубов - напиша водителката и објави фотографии од овој посебен момент.
Таа вчера го посети Аман, главниот град на кралството Јордан, и кажа дека ова патување е подарок од нејзина драга пријателка која точно знае што може најмногу да ја израдува.