Листата на постковид симптоми сѐ поголема: Два проблеми посебно загрижувачки
Во таа група имало 38 отсто повеќе случаи на стресни нарушувања, како и 41 отсто повеќе нарушувања поврзани со спиењето.
Ковид остава последици во вид на психички проблеми, стрес, анксиозност, но и нарушувања во исхраната, предупредуваат експертите. Коронавирусот кај претходно здрави пациенти предизвикува не само ментални здравствени проблеми, туку и нарушувања во исхраната во загрижувачки висок процент, покажа новото истражување.
Истражувачите анализирале податоци од повеќе од 153.000 воени ветерани на САД и откриле дека претходно здравите пациенти имале значителен скок во бројот на пријавени проблеми со менталното здравје, вклучително и нарушувања во исхраната.
Студијата опфати три групи – луѓе кои претходно имале КОВИД и немале ментални проблеми, луѓе кои немале КОВИД и „контролна“ група, односно податоци добиени пред пандемијата на корона вирусот.
Повеќе на Фактор.мк