Култура // Настани
„ЉУБОЈНА“ ВО БОРБА ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО
Брачната двојка Вера Милошевска и Оливер Јосифовски синоќа во центарот на Скопје го промовираа новиот број на уличното списание „Лице в лице“ како дел од акцијата за поддршка на борбата против врсничкото насилство.
„Ние го дадовме нашиот црвен картон против булингот, а Вие? Не е доволно да си само филантроп - препознај го булингот и реагирај! Црвен картон за булингот!“, напишаа тие на социјалните мрежи.
Булингот е форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата кое продолжува да ги следи децата и во домот преку интернет мрежите. Едно американско истражување покажа дека над 20 отсто од учениците биле жртви на булинг, загрижувачка бројка поради психичките последици кои остануваат кај детето.