Љубовен хороскоп до 17 август: Следува турбулентен период за Лавовите, авантура на работа за Јарците, а еве чии тајни ќе се откријат
Венера, планетата на љубовта, моментално е во Девица, па во нас ја буди аналитичката страна, што значи дека сите знаци од Зодијакот ќе бидат оптоварени со детали. Оваа астролошка поза носи нова љубов за Девиците, Јарците и Биковите.
ОВЕН
Следниот период не е ветувачки кога е љубовта во прашање. Се чини дека нема да се занимавате со љубовниот живот, а ако веќе сте во врска, тогаш поради вашата природа можна е нестабилност. Контролирајте го вашиот темперамент.
БИК
Излезете од периодот во кој можевте да шармирате речиси секого, а иако сте секогаш интересни и привлечни, сепак следната недела ќе имате малку помалку среќа во љубовниот живот. Ќе мора да се навикнете на новите околности.
БЛИЗНАЦИ
Следната недела ќе бидете заљубени, но ќе ги криете чувствата. Вашите бурни емоции ќе поттикнат фантазија, но нема активно да се обидувате да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Доколку веќе сте во врска, можно е несогласување со партнерот.
РАК
Не сте расположени за работа со другите и со вашиот љубовен живот. Треба да се грижите за себе и да го обновите снабдувањето со енергија. Тоа значи дека сигурно нема да најдете љубов во наредниот период, а доколку веќе сте во врска, ваквиот став ќе донесе проблеми.
ЛАВ
Вашиот деловен успех и силната енергија ќе привлечат внимание и затоа ќе обезбедат повеќе контакти и шанси во љубовниот живот. Доколку веќе сте во врска, ќе влезете во побурен период, во кој нема да има хармонија.
ДЕВИЦА
Ќе бидете полни со љубов и желба да бидете со некого, а надворешноста ќе ви биде уште попривлечна поради присуството на планетата Венера во вашиот знак. Подгответе се да го искористите многу поволниот период за љубов во кој влегувате од следната недела.