Љубовен триаголник

Добивај вести на Viber

Тој, таа и мобилниот телефон.

Љубовната двојка во време на технологиите сега е тројка.

Најголемиот непријател и причина за развод некогаш беше трета жена или маж, а сега се бориме романтичната врска да не ни ја расипе господинот-смартфон.

Знае да биде и попаметен од нас и забавен- ако е љубоморен, да ни ѕвони кога не треба, а кога е лут- да не остави без мрежа или без сигнал.

Технологијата ни го олеснува но и ни го комплицира животот.

Не поврзува, но и не разделува.

Не прави достапни но и недостапни. И како соговорници и како двојка.

Ништо приватно, сѐ јавно.

Со смартфонот тешко се опуштате, а камоли споделувате.

Ве бараат познати и непознати, важни и неважни, деловни соработници или роднини, тешко се осмелувате да го исклучите, можеби ќе изгубите важна бизнис или животна шанса.

Ако не можеме да го победиме, можеме да му се придружиме. Во време кога природната убавина ја заменуваме со вештачка, кога не сме задоволни од изгледот на мајка природа, и кога не ни е доволна ниту сексапилна долна облека, што ни останува освен да бидеме паметни и иноватни. Со чип да му испратиме текстуална порака до смартфонот на партнерот, и да го поканиме . Ако партнерот ја прифати пораката, тогаш се активира режимот LoveMode, се вклучува романтична плејлиста, се проектира романтичен скринсејвер и апликацијата го прашува корисникот дали да биде активиран режимот „Do Not Disturb“.

Љубовната приказна продолжува...

Лејла Сабит