Љубовта е скапоцена, не се откажувајте од неа поради страв

Добивај вести на Viber


Да се предадете на заљубувањето, да се предадете на радоста и да чувствувате љубов, да ги живеете вашите чувства е нешто прекрасно и секој го залужува бидејќи љубовта е скапоцено богатство.

Исто тоа го заслужуваат и оние кои биле ранети поради љубов. Колку пати сте кажале или слушнале: „Не сакам повеќе да се заљубувам!“

Да се сакате и да се чувствувате сакано е убаво и задоволувачко чувство, но изневерената или разочарувачката љубов може да наштети.

Па така, од страв повторно да не ја доживеете таа болка, се повлекувате, се криете зад таа школка каде што се чувствувате безбедно. Барате изговори и се убедувате дека ви е добро да сте сами. Не сакате да ризикувате да го изговорите зборот љубов, се со цел да го избегнете зборот напуштање, токму тогаш кога целосно и самоуверено сте му се предале на партнерот. Таа болка кога останувате сами, која укажува на крај на врската во која било вложен многу труд е речиси поразителна од секој аспект.

Научете да препознавате љубов

Престрогите мерки на претпазливост можат да имаат само негативни резултати. Ако од една страна можат да ве заштитат од болка и разочарување, од друга страна ќе ве спречат мирно да уживате во секоја лабава врска.

Но каква треба да биде љубовта? Сигурно таа не е бајка боена со пастелни бои, бидејќи принцовите и принцезите постојат само во главите на оние кои не можат да се замислат да бидат принцеза или принц и бараат партнер кој ќе им обезбеди сигурност и поддршка поради сопствената кршливост.

Не барајте личност која ќе ве комплетира, која ќе ве учи како да размислувате, која ќе ви го исполнува времето … туку личност која прави да се чувствуваш добро секогаш и секаде, и не само затоа што сте ја ставиле на пиедесталот на љубовота, туку поради тоа што имате некој покрај себе што ве почутува. Пред сè за да бидете подготвени за љубов треба да се сакате себеси, да бидете сигурни во себе, да сте си доволни на себе, а не се тоа да ви го надополнува некој друг.

Љубовта што боли е онаа што се заснова на несигурност, на целосна зависност од личност и на идејата за поседување: тешко е да се создаде нешто добро од овие ситуации. Поверојатно е да се појават потенцијално патолошки чувства како што се љубомора и лошо однесување, што може да доведе до ситуации на емоционална зависност или дури и злоупотреба.

Не плашете се од осаменоста

Во центарот на вашата љубов треба да сте вие и личноста за која чувствувате дека ја сакате, а не идејата за таа личност или однос каков сакате да имате. Ако чувствувате дека сте никој и ништо без личноста што ја сакате, тоа значи дека правите нешто погрешно: никогаш не дозволувајте некој да ве натера да се чувствувате како никој и ништо.

Пронаоѓањето сопствена рамнотежа и развивањето на свеста за тоа што вредите (што е веројатно повеќе од лошите врски што сте ги доживеале да ве наведат да верувате) е првиот чекор во градењето стабилни, задоволувачки и здрави односи. Научете да препознавате токсична љубов, онаа која сигурно ќе ве натера да страдате, и избегнувајте ја, бидејќи тоа не е вистинска љубов. Иато така не плашете се дека партнерот ќе ве повреди, уживајте ако некој ве одрал вас, и онака ништо не е во ваши раце и ништо не можете да контролирате, а со сомнежите, помислите, можете само да си создадете проблеми

Љубовната врска не е војна каде во одреден момент ќе завршите со броење на лузните за да го потврдите духот на пожртвуваноста и херојството. Раните на срцето иако болат, никогаш не се откажувајте од потрагата по вистинска љубов.

Фото:Ffreepik