„Ловци на вештерки” со светска премиера и награда за најдобар филм
По премиерното прикажување во официјалната програма на Интернационалниот „Tiff kids“ фестивал во Торонто, „Ловци на вештерки” ја освои и наградата за најдобар филм од т.н. младо жири, Best young joury award TIFF Kids.
„Ловци на вештерки” е приказна за вистинско другарство на две деца, за Јован, десетгодишно момче родено со делумнa церебрална парализа, кое преку својата имагинација бега во светот на фантазијата.
Филмот е во режија на Рашко Миљковиќ, сценариото е напишано од Марко Манојловиќ и Милош Кречковиќ, а во него играат Михајло Милавиќ и Силма Махмут, како и Јелена Докиќ, Милутин Милошевиќ и нашата светски позната актерка Јелена Јованова. Директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, костимограф Ирена Атанасовска, монтажер на филмот Ѓорѓе Марковиќ, додека снимател на звукот е Игор Поповски.
Во оваа српско-македонска копродукција, продуцент е Јована Караулиќ од Акција Продукција, а копродуцент Огнен Антов од „Дрим фектори“.