Лудило: Јелена Карлеуша го покажа новиот гардеробер - облека и модни додатоци вредни милиони (ВИДЕО)

Објави дека се разведува од сопругот Душко Тошиќ со кој има две ќерки, па го покажа новиот гардеробер во новата вила на Дедиње каде што најверојатно ќе живее сама со децата.

Јелена Карлеуша детално го покажа својот гардеробер, што би го посакале многу жени.

Поп ѕвездата покажа и што поседува во гардероберот во новата вила на Дедиње, кој го одзема здивот и дефинитивно е сон на сите жени.

Гардероберот е всушност цела соба - прилично голема, како еднособен стан, на ѕидовите има празни полици и простор за облека, а некои работи на Јелена, како облека, чанти, накит, чевли... се веќе складирани како што покажа во видеото.

Има и катче за парфеми, скапи и брендирани очила, како и разни детали кои ги поседува пејачката. Во просторот има две бањи, а од него можете да излезете и во дворот.

Таму има дури и сауна, која Јелена ја обожава, па вели дека ќе ужива таму. Она што го покажа пејачката воодушеви многу жени, а како ќе изгледа кога се ќе заврши, многумина не можат ни да замислат.

- Како што забележавте, еве и јас да потврдам, почнав да ги префрлам работите во мојот нов гардеробер. Само што почнав, а овде ќе има работа сигурно 7 дена - изјави Јелена додека го снимаше својот рај.

ВИДЕО:


-Гардероберот е голем, има одлични огледала, има одлично осветлување, ќе има уште многу осветлување. Има две бањи, има излез во дворот, а најинтересно е што има сауна, па ќе се опуштам овде - продолжи Карлеуша.
- Сакав да ви го покажам, знам дека сте заинтересирани, сите девојки го сакаат тоа. Ветувам, штом сѐ е готово, ќе снимам видео за да видите како изгледа сѐ. Ќе биде навистина одлично, сега сѐ е во вреќи и во хаос.

Инаку денес дивата објави официјално соопштение дека се разведува од сопругот по 14 години брак.

извор:telegraf