Луксуз е сè што нема цена. Сè друго е потреба: Интервју со Нина Шерифовска, извршен директор на Парк Резиденс
Таа го доби
признанието за “Најжена на 21ви век” на 18-то издание на една од најзначајните
манифестации која на едно место ги собира најдобрите жени претприемачи од сите
области на бизнис и јавниот живот од Балканот. Атрактивна е,
успешна, своја, лидер во работата, грациозна - Нина Шерифовска е извршен
директор на Парк Резиденс, а во оваа нејзино прво интервју за Женски магазин
освен за работата зборува и за себе и семејството.
- Верувам дека добро поставената цел, упорноста, ентузијазамот, динамичноста и пред се‘, љубов кон работата носат привилегии, искрена е Шерифовска која за признанието “Најжена на 21ви век“ вели: - Ништо што вреди во животот не се добива лесно, тоа се склалилата на мојата кариера. Упорна и посветена работа беше моја цел или сон, а нема поубаво чувството кога ќе го постинете истото.
* Шерифовска вие управувате со Парк резиденс, воедно сте и Директор за продажба во еден од најрепрезентативните домашни хотели, компаниски дел од една поголема групација која обединува повеќе фирми. Во услови на пандемија и продолжена економска криза со какви предизвици ја водите оваа компанија во вакви околности?
- Пандемијата ги предизвика сите сегменти на нашите животи и работа. Но, предизвик значи дека треба да се бараат нови решенија, да се размислува брзо и креативно. Малиќи групацијата е навистина голема, но стабилна компанија, имаме повеќе од 400 вработени. Мојот впечаток е дека после сите мерки на рестрикции, затворање по дома, изолации, сега полека сите се враќаме со поголем ензузијазам на работните обврски. Научивме дека секогаш е подобро да се работи во тим, сам човек никогаш не може да биде лидер.
* Со каква стратегија и план влеговте во оваа година, која требаше да биде година на економско заздравување. Какви се изгледите за подобри резултати?
- Загубата на приходите во хотелите сигурно се смета во милиони евра поради пандемијата на коронарниот вирус и запрениот прилив на гости. Негативните ефекти од глобалната пандемија не ја заобиколија ниту нашата компанија. Од самиот почеток ги презедовме сите мерки првенствено да ги заштитиме нашите вработени и соработници, а потоа да обезбедиме одржлив бизнис на компанијата во иднина.
Угостителството е длабоко погодено од последиците од пандемијата, но сега полека се буди, одиме напред.
* Хотелиерството беше една од најпогодените гранки од пандемијата, па каква е суштината на последиците кои ги трпевте поради ова?
- Најважно е што успеавме да ги задржиме вработените, да обезбедиме квалитетна услуга и да осмислиме интересни програми кои привлекуваат гости.
Хотелот не е задоволство само со изгледот, туку за сите сетила. Има свој посебен мирис на модерен луксуз
* Менаџирате со еден помодерен хотел, има ли во земјава гости на кои им се потребни сите услуги кои се нудат и во која насока ќе се развива портфолиото односно вашата понуда во следниот период?
- Парк резиденс не е само модерен хотел туку цел комплекс за работа и домување. Станува збор за импресивна инвестиција од 25 милиони евра која се протега на површина од 32.246 квадратни метри, од луксузни станбени и деловни објекти. Но, наш најголем успех е тимот и континуитетот во работењето, задоволството од позитивните коментари од клиентите, гостите и партнерите.
Точно дека Парк резиденс е препознатлив со Парк хотел и спа и рестораните Four, секако за тоа има сериозна причина. Ова е хотел кој не може лесно да го заборавите, затоа што има приказна. Хотелот не е задоволство само со изгледот, туку за сите сетила. Има свој посебен мирис на модерен луксуз.
* Вие пред три години бевте избрана за најжена на 21 век – едно признание кое навистина носи предизвикувачки епитет. Како впрочем ја градевте вие својата кариера, колку тешки беа скалилата на растот?
- Верувам дека добро поставената цел, а понатаму упорноста, ентузијазамот, динамичноста и пред се‘, љубов кон работата носат привилегии.
Тежок е патот во бизнис водите. За жал жените често се дискриминирани во работните односи и преку процесот на регрутација, но и за време на бременоста, мајчинство. Да се биде успешен претприемач, во денешно време е предизвик, но не и невозможно. Ништо што вреди во животот не се добива лесно, тоа се склалилата на мојата кариера. Упорна и посветена работа беше моја цел или сон, а нема поубаво чувството кога ќе го постинете истото.
* Во еден наврат рековте дека она што го сакате ако е дефинирана цел секако ќе се добие. Така ли е навистина и кои се условите за тоа?
- Никогаш не престанувајте да сонувате и да имате добра цел. За тоа е потврда мојата работа и успесите. Само тогаш работата преминува во задоволство.
* Хотелиерството ви е љубов на прва или случајност во развојот?
- Ништо не случајно.
* Кога зборуваме за жена и престижните номинации и нагрaди сепак со посебен акцент се нагласува дека станува збор за жена и за менаџер. Ви пречат ли овие дистинкции?
Ова затоа што сте на позиција, која во нашата земја најчесто ја работат мажи. Од тој аспект се соочивте ли со предрасуди на вашето работно место или додека ја градевте Вашата професионална кариера?
- Разликите ги прават оние што ги гледаат. Многу добро знам како ја градев мојата кариера, работам и со мажи и со жени. Никогаш не сум се оптеретувала со родова поделеност. Во групацијата исто така успесите не се поделени со родови предрасуди.
Нина вели дека без поддршката од нејзиното семејство и нејзините деца сигурно немало да бидам таму каде што е денес. Неизмерно им благодари за тоа и потенцира: - Моите успеси се и нивни успеси. Се радувам што можам да бидам пример на моите деца, но и на сите други млади луѓе дека ништо не е невозможно.
*Има ли воопшто некој едноставен рецепт за успех на современа жена денес?
- Можеби има, јас не знам таков. Мојот рецепт се вика работа со многу волја и упорност, но ништо без насмевка.
Како дама која е извршен директор на еден од најеминентните хотели кај нас, Парк Резиденс, Нина кога ќе ја видите не може, а да неја забележите, елегантна, своја, грациозна. Таа за својот стил отворено и искрено со читателите сподели дека сака да менува, и тоа за неа е добро.
- Tоа што сум можела да си го дозволам пред пет години, веќе не ми е предизвик. Мојот дрес код ја отсликува пристојноста на жената и негата која си ја дава сама на себе, искрена е која рече дека сака да го носи она што ѝ прилега и она што не ѝ прави притисок. Потврди и дека сака бои, а особено виножитото. Но, пред се‘ сака да е модерна и негувана жена. Бидејќи според неа жените се убави кога се среќни.
*Времето е луксуз, а како тој луксуз си го дозволувате вие? Што правите кога не сте на работа?
- Поминувам време со семејството и пријателите, тоа е за мене најквалитетно поминато време, без разлика дали е во домашна атмосфера или во природа.
*А добар хотел е потреба или луксуз?
- Сметам дека луксуз е сè што нема цена. Сè друго е потреба.
* Кога ќе размислите за десет години од сега, каде се гледате? А каде ќе биде позиционирана современата жена во Македонија?
- Повторно на врвот, можеби само со некои други животни предизвици. А каде ќе биде позиционирана современета жена во земјва, зависи од тоа какви ќерки и синови ќе воспитаме и образуваме.
Наталија Миланова
Фото: Приватна архива