Како во хорор филм: Лулзим Сулејмани раскажа како се случила кобната несреќа во Бугарија

Добивај вести на Viber

фото: Тв Клан

Kлан ТВ разговараше со Лулзим Сулејмани од Прешевската долина, кој ја преживеа автобуската несреќа во Бугарија и успеал да помогне и на неколку други патници.

„Додека одеше автобусот, од десната страна удри во тротоарот, тркалата на автобусот пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад во автобусот. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево и сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам бидејќи го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица“, изјави Сулејмани за ТВ Клан.