Маја Беровиќ го покажа својот стомак 2 месеци по породувањето: Благодарение на овој режим изгледа како никогаш да не била бремена

Само два месеци по породувањето, Маја Беровиќ го доведе својот изглед до совршенство, а тајната е во исхраната со која ослабе на здрав начин.

Убавата пејачка Маја Беровиќ пред само два месеци стана мајка, а судејќи по објавите на социјалните мрежи, таа е пресреќна со новата животна улога. Гордите родители на својот син му го дадоа името Лав, а многумина коментираат дека пејачката сега зрачи со посебен сјај, и дека е поубава од било кога.

Имено Маја сега реши да ги израдува своите следбеници и да покаже како изгледа по породувањето, односно во краток топ и хеланки покажа совршена фигура и рамен стомак што предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели. Во преден план беше ланчето со името на нејзиниот син.

Многумина коментираат дека изгледа како да не била никогаш бремена, а се верува дека фигурата ја довела до совршенство на ист начин како и за време на карантинот - диета и редовно вежбање.

- Ослабев пет килограми, кои ми беа потребни за да бидам во совршена форма. Успеав во тоа затоа што сум упорна. Мојот единствен грев се слатките. Навистина ми недостигаат! Сепак, веќе неколку месеци успешно се спротивставувам да не јадам ништо слатко - изјави еднаш Маја.

Значи, слатките се големо не-не во овој случај, а клучна е и физичката активност.

- Тренирам сама дома. Се трудам да го правам тоа секој ден. Некогаш успевам, некогаш не. Тренингот ми трае еден час – објасни пејачката.

Што се однесува до исхраната, Маја се труди на својата трпеза да нема црвено месо, тесто и колачи.

- На моето мени има повеќе протеини, а многу помалку јаглехидрати и намирници за кои е потребно долго време да се сварат. Во последно време правам смути од свежо овошје и зеленчук - изјави пејачката, а на прашањето дали правилната исхрана е многу скапа, таа одговори:

- Најскапа е онаа поради која се чувствувате лошо и го загрозувате вашето здравје. Затоа е важно луѓето да вежбаат и да ја елиминираат нездравата храна. Оние кои не успеваат да тренираат треба да пешачат најмалку шест километри секој ден.

Пример за менито на Маја Беровиќ:

Појадок: Смути од различно овошје и зеленчук.

Ручек: Месо и свежа салата или варен зеленчук.

Вечера: Смути од зеленчук.

Совет: Пијте што повеќе различни чаеви и пијте многу вода.


Извор: wanted.mondo.rs