Кратко и моќно име за принцот на мама и тато: Се породи пејачката Маја Беровиќ

Како што пишуваат регионалните медиуми, популарната пејачка Маја Беровиќ станала мајка.

Пејачката Маја Беровиќ се породи и го роди првото дете со сопругот Ален Драгосава, пишува Курир.

Маја на свет донесе здраво момче, а како што најави претходно, бебето е родено во Австрија.

Маја синоќа роди син во болница во Австрија, во Грац, станува збор за породилиште каде комплетната услуга и донесување на бебето на свет, чини 7.000 евра, а пакетот вклучува и сала за медитација, можност за фризери, маникир, шминкери. 

Гордите родители на бебето му го дадоа името Лав. 

Лав е историско име, има магиска моќ, привлекување на успех. Човек со истото име ќе постигне многу во животот, бидејќи во неговата кралски природа е да живее во луксуз и да е високо почитуван.


Инаку, Маја неодамна откри зошто токму сега сакала да стане мајка.

- Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да можам да го направам тоа што успеав доесга. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, тоа не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – изјави Маја.


Поминаа 39 недели за миг: Маја Беровиќ пред породување ги сподели последните труднечки фотографии