Елитна клиника со соба за медитација, фризер, маникир: Маја Беровиќ породувањето ќе ја чини 7.000 евра

За нешто повеќе од еден месец пејачката ќе го роди своето прво дете, а со тоа ќе се оствари нејзината најголема желба.

Регионалната музичка ѕвезда Маја Беровиќ наскоро влегува во деветтиот месец од бременоста, па целото семејство едвај чека да го запознае момчето чие име не сакаа да го откријат.

Пејачката живее на релација Белград - Грац, со оглед на тоа што нејзиниот сопруг Ален има сопствен бизнис во овој град во Австрија, но и меѓународен бизнис.

Маја за време на блажената состојба во медиумите зборуваше само неколку пати за деталите и плановите за иднината, а според пишувањата на медиумите, таа ја води бременоста во луксузна клиника во Грац, каде најверојатно ќе се роди дететo. 

Сстанува збор за породилиште каде комплетната услуга и донесување на бебето на свет, чини 7.000 евра, а пакетот вклучува и сала за медитација, можност за фризери, маникир, шминкери.

Беровиќ во оваа прилика не се огласи, но пред неколку месеци истакна дека наследникот нема да носи традиционално српско име, бидејќи планираат да живеат во Австрија.

View this post on Instagram

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial)


- Ќе оди на училиште и ќе живее во странство, па ќе му дадеме име што ќе знаат да го изговараат Германците - изјави пејачката во шоуто „Амиџи“.

Пејачката сака нејзиниот син да биде полиглот, да посетува странски училишта, а ќе се труди да зборува и српски и германски.

извор:GLOSSY
фото:Instagram