Поминаа 39 недели за миг: Маја Беровиќ пред породување ги сподели последните труднечки фотографии

Пејачката никогаш не била посреќна, па реши да ги израдува своите фанови со прекрасни труднички фотографии 

Популарната музичка ѕвезда Маја Беровиќ ги одбројува деновите до породувањето, со оглед на тоа дека е во деветтиот месец од бременоста, а последните денови реши да ги помине фотографирајќи го трудничкиот стомак, за да ги памети овие прекрасни моменти до крајот на нејзиниот живот.

Маја ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со најновите фотографии во сив костим кој го откри нејзиниот стомак, додека нејзиниот изглед воопшто не е променет, но пејачката е уште позаводлива и поволшебна.

- Колку има бебето денес? 39 недели – напиша кратко Беровиќ.


Со месеци се шпекулира каде пејачката ќе се породи, а извор близок до регионалната ѕвезда истакнува дека се ќе се одвива во една позната клиника во Грац, каде Маја ја водела бременоста.


Извор: glossy.espreso.co.rs