Сега е официјално, Маја Беровиќ е трудна: Пејачката позираше држејќи се за трудничкиот стомак (ФОТО)
Наводите за кои неодамна пишуваа регионалните медиуми - дека популарната пејачка е бремена се вистинити, бидејќи таа самата се огласи и потврди дека е бремена.
Пејачката Маја Беровиќ објави фотографија на својот профил на Инстаграм каде позира држејќи се за трудничкиот стомак.
Носеше сребрен накит, градник како и необичен детал на главата што ја надополни оваа фотографија. Деталот со сината ткаенина, исто така, даде посебна димензија на фотката.
- Конечно може да започне мојот сладок одмор - напиша Маја.
Да потсетиме, Маја е во брак со Ален Драгосава пет години, кога ја крунисаа својата љубов на грчкиот остров Родос, но според пејачката, се' меѓу нив започнало кога имала седумнаесет години:
- Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна, но тогаш имав само 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човек што доаѓа на моите настапи“, рече Маја во една прилика.
фото:FOTO: Antonio Ahel/ATAImages- Тој е мојата најголема поддршка и тој е продуцент на сето ова. Фокусирани сме еден на друг и заедно правиме се'.
извор:GLOSSY