Печатени спомени кои раскажуваат животни приказни: Тања со Марудибукс создава магија која останува засекогаш
Тања Џон работи како семејна фотографка во нејзиното фото студио Маруди, во Скопје, повеќе од шест години.
Пред пандемијата главно фотографирала трудници и новороденчиња. Но, со пандемијата многу работи се променија, па кога сфатила дека ситуацијата ќе потрае, одлучила да престане да фотографира поради ризиците.
Размислувајќи во која насока да продолжи, знаела дека дека сака нејзината работа да носи среќа и убавина во животот на луѓето.
- Од искуството како фотографка и родител, знаев дека мајките се чувари на семејните спомени - вели Тања, па тргнувајќи од тоа сознание решила да им стане сојузник во таа мисија - така всушност се раѓа Марудибукс - он лајн продавница за персонализирани фото-производи. Место за среќа и печатени спомени кои раскажуваат животни приказни.
- Потребни ни се што повеќе работи за да нѐ потсeтат дека животот е полн со мали убавини, а најгласно за тоа раскажуваат фотографиите од домашните архиви. Идејата беше токму дигиталната фото-архива, без разлика дали фотографиите се професинално фотографирани или пак со мобилен, да се преточи во несекојдневни и креативни печатени производи како фотокниги, постери и слично - ни раскажува Тања.
Бидејќи среќата се множи кога се споделува, дел од заработката на крајот од годината, Марудибукс ја донираат онаму каде сметаат дека во моментот можат да помогнат повеќе.
Оваа година донирале пакетчиња на граѓанската организација „Една Може“ што им било голема радост.
- Марудибукс се крчка подого време, но веќе неколку месеци како почнавме да ги нудиме нашите производи преку: Facebook и Instagram. Работиме и на нашиот веб сајт, кој го очекуваме наскоро - ни раскажа Тања која со Марудибукс раскажува семејни приказни, а она што го забележува, е дека фотокнигите стануваат популарен избор за роденденски подарок или годишнина на пријателите.
Мајките имаат уреди преполни со фотографии од семејството, и конечно имаат шанса на еден минималистички и креативен начин да ги зачуваат сите спомени од запознавањето со партнерот, заедничките патувања, семејни прослави и позначајни настани, раснењето на нивните деца со сите дневни згоди и незгоди.
- Особено е интересен Мемо постерот. Мене ми омилен - вели Тања и додава дека тоа е врамен постер со димензии 110 х 40 см, а вклучува 33 фотографии. Може да се прават безброј комбинации, пример може секој месец да се печати нов постер кој ќе ги прикажува миговите на кои сакаме да се присетиме од претходниот месец, или пак да се направи колаж од убави мисли и фотографии, да се постават значајните моменти низ кои минало семејството или пак 33 омилени пејсажи кои сме ги фотографирале.
Клиентите оставаат Марудибукс да ја создадат фотоприказната и да ја завршат креативната работа за нив, бидејќи тоа е и всушност делот кој е најголем предизвик.
- Кога станува збор за пообемен фотопроект, како фотокнига со 200-300 фотографии кои опфаќаат различни периоди од животот на клиентите, тогаш работиме заедно во креирањето на концептот за да на крај добиеме производ во кој клиентот ќе се заљуби и со радост ќе го споделува со роднините и пријателите.
Понудата на Марудибукс вклучува фотокниги, фотопостери, мали принтови и календари. За сега.
Фотокнигите се модерните фотоалбуми. Наместо да печатат стотици фотографии и да ги редат една по една во фото албум, што може да биде доста скап и долготраен проект, во Марудибукс дигиталната архива на фотографии може да се организира во неколку фотокниги за само неколку денови.
- Имаме неколку фантастични производи кои го чекаат својот момент да станат дел од понудата на Марудибукс. Само што го објавивме елегантниот календар испечатен на дебела фотохартија, каде освен тоа што добивате календар со можност да ги забележите важните датуми, добивате и 12 позиции за фотографии, кои со леснотија можат да се откинат од календарот по перфорираниот раб. Остануваат како прекрасен спомен, кој може да го ставите во фотоалбум или рамка. На овој начин го намалуваме отпадот, и правиме мало добро на планетата.
Главен принцип на Марудибукс е клиентот да се ангажира минимално, да биде едноставен и брз процес, бидејќи никој нема време за организирање и печатење на фотографии. Процесот е следен:
1. Вие бирате фотографии и ги праќате на zdravo@marudibooks.com
2. Марудибукс го подготвуваат дизајнот и ги подредуваат фотографиите.
3. Клиентот прави проверка и одобрува
4. Марудибукс ја печати нарачката, во просек за два до пет работни денови, и ја доставува на ваша адреса.
За неколку денови клиентите уживаат држејќи ги спомените во раце, листајќи ги низ фотокнигите или пак восхитувајќи се на убавите мигови на изложениот врамен фото-постер.
*Во следните денови, следете Женски Магазин и очекувајте „giveaway“ со подарок од Марудибукс