МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ НЕ ТРЕБА ДА НИ ЗАДАВААТ „ГОЛЕМА ГЛАВОБОЛКА“: Епидемиологот Стојанов за разликите меѓу неколку вируси

Добивај вести на Viber

По двата суспектни случаи на мајмунски сипаници во Македонија во последниве неколку дена се крена паника во јавноста во однос на ширење на нова зараза, но здравствените власти уверуваат дека едноставно нема место за паника и дека не се очекува сериозно ширење на мајмунските сипаници. Освен тоа, тестот на еден од суспектните случаи, односно на младиот мигрант од Сирија кој вчера беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести е негативен на ова вирусно заболување. Што се однесува пак до првиот случај, суспектниот пациент од Кичево, досега воопшто не дозволил да му се направи тестирање за евентуална инфекција со мајмунски сипаници, но сепак здравствените власти очекуваат неговата свест да проработи и да им овозможи да се направат потребните анализи.

Според епидемиолозите, овој случај, и воопшто мајмунските сипаници не треба да претставува „голема главоболка“ за граѓаните во земјава, бидејќи, заболувањето, односно начинот на ширење, евентуалните компликации, се далеку понеопасни од корона вирусот. Повеќе на Фактор.мк