Мајмунските сипаници сѐ поголема закана: Пет работи што треба да ги знаете за болеста

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација во саботата ја прогласи мајмунската сипаница за глобална закана. Експертите објавија пет работи кои треба да ги знаете за оваа болест и кожата.

Мајмунските сипаници се пренесуваат од човек на човек, а научниците предупредуваат дека не се загрозени само високоризичните групи на луѓе. Инфекцијата се шири преку близок контакт, вклучително и интимен контакт.

Според нив, болеста се шири и преку капки и контакт лице в лице со заразено лице. Еден од симптомите на мајмунска сипаница е специфичен осип на кожата. Лекарите откриваат пет работи што граѓаните треба да ги знаат.

1. Меурчиња опкружени со црвенило

На кожата се појавуваат мали лезии, како мозолчиња. Од овие меурчиња се формираат чирови, по што се формираат красти.

Американската академија за дерматологија наведува дека осипот може да се појави насекаде на кожата, вклучувајќи го и лицето и екстремитетите. „Мајмунските сипаници може да изгледаат како плускавци на воспалената површина на кожата“, рече др. Кристин Ко, професорка по дерматологија на Универзитетот Јеил.

Тaa додава дека црвенило и осип се појавуваат во пределот на гениталиите и на препоните. „Погодената област на кожата може да изгледа како оток со црвенило“, додава Ко.

Центрите за контрола и превенција на болести наведуваат дека мајмунските сипаници траат две до четири недели, а луѓето се заразни „додека осипот целосно не заздрави и не се формира нов слој на кожа“.

2. Отечени лимфни јазли во комбинација со осип

Клучна карактеристика на мајмуните сипаници и знак што помага да се разликуваат мајмунските сипаници од многу други вирусни болести е присуството на болни, отечени лимфни јазли.

Лимфните јазли на пациентот се зголемуваат, обично за време на периоди на покачена телесна температура. Тие можат да се зголемат неколку дена пред појавата на каков било осип.

„Црвенило во препоните или пределот на гениталиите со болен оток, тоа се лимфни јазли. Може да се појави и ректална болка", рече Ко. Лекарите повикуваат на самоконтрола и проверка на кожата пред да стапат во интимни односи.


Подетално читајте на тука Фактор .