Македонец освои бронзен медал на светската Олимпијада за геонауки

Добивај вести на Viber

Стружанецот Александар Стојчески освои бронзен медал на светската Олимпијада за геонауки. Македонија првпат имаше свој претставник, а Стојчески дојде до медал во многу силна конкуренција од 150 натпреварувачи од 40 држави од сите 5 континенти, информира порталот „Струга онлајн“.  

- Како ментор на Александар и Венеса, мое огромно задоволство од нивниот севкупен настап, резултати, активности, воспоставени бројни контакти, примерно однесување и да имаат уште поголеми успеси понатаму во животот - напиша на својот профил на „Фејсбук“ Ивица Милевски, менторот на Александар.

Ова не е  прво признание за Александар. Лани со својата сестра Ивона Стојческа учествуваше на интернационална олимпијада во Кенија кога изработија проект на тема „Влијание на амбиенталната температура врз ефектот на фотовоалтичните панели“ и освоија златен медал.