Македонка го освои второто место на „Војс Австралија“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Изабела Пејџ Јосески, тинејџерка од Австралија со македонско потекло, го освои второто место во популарното шоу за музички таленти „Војс Австралија“. Таа во финалето го отпеа хитот на Витни Хјустон, Greatest Love of All и освои само неколку гласа помалку од победничката Сем Пери.

Изабела (16) од почетокот на шоуто беше фаворит на публиката. На аудијцијата се претстави со темата Praying, а нејзин ментор беше Кели Роланд од „Дестинис чајлд“.

Изабела со нејзината менторка Кели Роланд

Јосески е родена во Перт, Австралија. Нејзиниот татко е Македонец. Родителите од раното детство го забележуваат музичкиот талент на девојчето, па ја пријавуваат на „Војс кидс Австралија“ во 2014 година. И тогаш за влакно ѝ бега победата во големото финале. Пред три години ја претставуваше Австралија на „Детска Евровизија“.

По завршувањето на „Војс Австралија“, Изабела ја промовираше песната Changing.