Македонката која на себе ја носеше Македонија: Неповторлива, остави траен белег за сите генерации

Каде и да одеше, каде и да се појавеше и овде и надвор, таа имаше дел на облеката кој ја симболизира Македонија. Беше толку автентична и вешта во стилот, што ниту една, ни тогаш, ни сега не успеа ни малку да го постигне тоа. А, имаше перо со кое ги испиша едни од најубавите зборови...

Светлана Хистова Јоциќ остави траен белег во македонската литература. Македонска поетеса, есеист и писател за деца. Беше секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член беше на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци и на многу други престижни литературни награди.

Покрај фантастичниот творечки опус, имаше и фантастичен моден опус. Таа ја носеше Македонија на себе преточена во македонски симболи, некои стари дури и од прет пет векови. 

Сакаше да биде препознаена како Македонка насекаде и секаде го истакнуваше македонското.

Комбинираше ретро облека со духот на современото живеење, а доминантно место имаше и нејзината кадрава црна коса.

Јоциќ почина во 2012 година, но нејзиното творештво, аурата и стилот, никогаш не треба да се заборават!

ДА НЕ ВИДАМ

Сета земја в бочва

да можат

ќе ја вратат .

Преку рамо ќе ја префрлат

да ја однесат.

Ако можат

и устата ќе и ја затворат

да не викне.

Како змија очите ќе и ги прободам

да не види каде ќе ја однесат.

Да не се вратит!

Оф таа жална Македонија,

Да не видам!

Фото: принтскрин Јутуб

Р.Ж.М