Македонска продукција на фестивал во Линц
Линц е главниот град на уличната уметност во целиот свет. Во Линц за време на фестивалот „Pflasterspektakel“ собрани се, најдобрите 100 светски изведувачи за тековната година, истакнуваат организаторите. Тие имаат свои тимови на скаути кои ја следат работата на сите продукции ширум целиот свет, продукции кои се занимаваат со оваа уметност. Линц за време на фестивалот е неверојатен. Повеќе од 200 илјади граѓаните на градот, но и странци доаѓаат да го посетат овој фестивал. Тие живеат буквално со секој еден изведувач заедно кој ќе го постави својот АКТ на една од локациите низ тесните улички на Линц кои се предвидени за ваков вид на претстави, а ги има повеќе од педесет во исто време.
„ТЕАТРОСК“ продукција од Македонија која настапува на „Pflasterspektkael“. Тие во последниве шест години настапуваат, веќе четврти пат и тоа со најразлични актови: 2013 со Лулашка во дворецот на велосипедите; 2014 со Улични музичари; 2017 со Љубовна приказна; 2018 со КОНТРАБАСОТ. Според членовите на продукцијата, тие искрено се надеваат дека оваа традиција на настапи на овој волшебен настан на кој доаѓаат најдобрите светски продукции ќе продолжи и понатаму за развивање во креативна смисла, како и за промоција на нашата земја, за промоција на македонскиот фестивал СТАТУАФЕСТ.