Македонската компанија ФХ3Х во трка за Оскар

Добивај вести на Viber

Номинациите за 91. доделување на Оскарите беа објавени вчера во Семјуел Голдвин театарот во Лос Анџелес, од страна на Трејси Елис Рос и Кумал Нанџани. Номинираните филмови за најдобри визуелни ефекти во изминатата година се: „Кристофер Робин“ „Одмаздници: Војна на бесконечноста„, “Првиот човек“, „Спремен Играч број Еден“, „Соло: Приказна за Војна на ѕвездите“. 

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти во еден од номинираните оскаровци, „Одмаздници: Војна на бесконечноста“. Официјалната церемонија на доделувањето е на 24 февруари. 

„ Во текот на 2018 година беа реализирани 20 проекти, од кои 16 во филмска и 4 во телевизиска продукција. Во првата спаѓаат: „Црниот Пантер“, „Томб Рајдер“, „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, „ Дедпул 2“, „Јурасик Светот: Паднатото кралство“, „Еквилајзер2“, „Шпионот кој ме откачи“,  „Мег“, „Невозможна мисија: Пребројување“, „Предатор“, „Венум“, „22рата милја“, „Крид2“, „Аквамен“ и „Мери Попинс се враќа“, велат од компанијата „ФХ3Х“, и додаваат дека им е драго што ги реализирале целите кои си ги поставиле уште пред повеќе години. 

Проектите во телевизиската продукција беа филмовите: „Кутија за птици“ и „Кралот Одметник“, „Ураган“ и сериите „Стар трек дискавери“ и „Игра на тронови