Македонски пинџур по традиционален стар рецепт: И најголемите гурмани се согласуваат дека нема ништо повкусно

Добивај вести на Viber

Македонски пинџур по традиионален стар рецепт: Најголемите гурмани се согласуваат дека нема ништо подобро/ повкусно

Зачувајте го оригиналниот рецепт за македонски пинџур, бидејќи според неговите упатства ќе ја направите највкусната зимница!

Ние Македонците сме познати по нашата феноменална кујна, а ни најголемите гурмани не можат да одолеат на нашите специјалитети! Зимата за нас е посебна приказна, а сите домаќинките од соседството ги бараат нашите рецепти, затоа денес со вас споделуваме како се прави најубавиот македонскипинџур.

Потребни намирници:

-3 кг црвен пипер

-1,5 кг модар патлиџан

-1,5 кг домати

-150 гр лук (може да си ставите и помалку, по вкус)

-2 dl масло

-250 гр лути пиперки (доколку не јадете луто, може да се изостават)

-Лажица шеќер и сол

Начин на подготовка:

Испечените модри патлиџани, пиперките и доматите испечете ги, излупете ги и сомелете ги во мелница за месо.

Како и за ајварот, во поголемо тенџере се става маслото да се загрее и се додава мелениот зеленчук. Додека сè полека се крчка, додадете сол, шеќер и сечкан лук. Оставете го да се крчка нежно 10-15 минути. Кон крајот доколку сакате луто, додадете ги лутите пиперки кои претходно лесно сте ги испекле, но внимавајте да не се распаднат, да останат цели.

Топлиот пинџур истурете го во топли, стерилизирани тегли, веднаш затворете ги и превртете ги наопаку и оставете ги да се изладат преку ноќ.


Фото: Youtube - screenshoot