Македонскиот модел Сара Стои во едиториал за српскиот HARPERS BAZAAR

Добивај вести на Viber

Нашиот маркантен модел Сара после Сеул –Јужна Кореја ја продолжи својата кариера во Европските модни центри па така неодамна работеше моден едиторијал за српското издание на престижниот Харперс Базар.

Нејзината кариера со моделинг започна пред неколку години но поголемите ангажмани започна да ги добива кога потпиша договор со Јелена Ивановиќ од Белград и нејзината агенција JS’ Management. 

Сара е една прекрасна и професионална убавица која стрпливо и предадено ја чекаше својата шанса во светскиот моделинг вели Алек Наумовски од Моделс Ин кој ја застапува локално само за македонскиот пазар.

Помеѓу останатите  проекти како највпечатливи се модниот едиторијал за светскиот моден магазин L ‘ OFFICIEL и кампањата за Француската модна куќа Maison Margiela.

Незаприлива и комплетно своја Сара ја гради својата кариера како успешен македонски модел и на наша огромна радост не представува во вистинско светло. Восхит  и гордост е да се знае дека полека но сигурно има се поголем број на наши модели кои успешно работат  во светскиот моделинг .