Македонскиот репрезентативец Лука Заложник се пласира на светското првенство во прескокнување пречки

Добивај вести на Viber

Македонскиот репрезентативец во коњички спорт, Лука Заложник, во дисциплината прескокнување пречки го освои второто место на големиот меѓународен турнир што се одржа од 16.06.2022 до 19.06.2022 година во Познан, Полска.

Со овој пласман го потврди и учеството за претстојното светско првенство што ќе се одржи во август оваа година во Данска.

Федерацијата на коњички спорт на Р.Северна Македонија е горда на успехот на нашиот репрезентативец кој по втор пат успева да се пласира на светско првенство во прескокнување пречки.