Малата Бехра е најмалото бебе во 2021 година, родена со само 665 грама: Денес, хероината си заминува дома после 67 дена во болница
Бехра е најмалото бебе кое се родило во 2021 година. Тежела само 665 грама и била долга 30 цм. Малата хероина по 67 денаво болница, денес си заминува со 2.190 грама тежина, а нејзините родители пресреќни дошле да си го земат првенчето, соопшти Венко Филипче.
„Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година. Оваа мала хероина 67 дена помина на УК за гинекологија и акушерство во Скопје, на неонатолошките интензивни одделенија. Со помош на стручниот тим на Клиниката и најсофистицираната опрема, Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земаат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа“ - напиша Венко Филипче на Фејсбук.
фото:Facebook