Малата Дина по две години повторно донираше коса за децата болни од рак: За посреќно детство на сите дечиња

Добивај вести на Viber

Пред две години, тогаш петгодишната Дина прв пат ја донираше својата коса за изработка на перики за децата болни од рак. Овој пат по две години, како седумгодишно девојче таа повторно ја донира својата коса за изработка на перики.

„По две години повторно, по втор пат, косата ни е спремна за донација, за изработка на перики за децата болни од рак.

Со секојдневни мали чекори, заеднички можеме да допринесеме до посреќно детство на сите дечиња“ , напиша нејзината мајка Селма покрај објавата.

Браво девојче за тебе и за твоите родители!



Фото: Фејсбук