Малите херои ќе имаат многу подобри можности во нивната борба: Целосно е реновирано одделението за онкологија на Клиниката за детски болести
„Сакам од срце да им се заблагодарам на нашите партнери од „Макстил“, кои извршија огромна инвестиција, колку материјална, толку и хумана. Нашите мали пациенти, или како што ние обожаваме да ги викнеме Херои, ќе имаат многу подобри можности во нивната борба, а моите колешки и колеги од Одделот за онкологија идеални услови за работа, бидејќи колку да се трудиме, колку и да дадеме несебичен придонес, технологијата има огромно значение. Благодарност и до Владата за се што прави за нашата клиника и за здравството во целина, бидејќи кога јавниот и приватниот сектор дејствуваат заедно резултатите се неизбежни. Апелирам ваквиот пример на „Макстил“ да биде следен и од другите компании, се со цел, Клиниката за детски болести да биде што по опремена и нашите деца да се лекуваат кај нас, а не во соседството, нагласи денеска директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова.
По повеќемесечни активности денеска официјално заврши реновирањето на Одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје. Ова е еден од најзначајните проекти кој е реализиран со донација од компанијата „Макстил“, а уште при потпишувањето на Меморандумот, лани во мај, беше посочено дека најмладите пациентчиња, кои се борат со најлошата болест ќе имаат подобри и подостоинствени услови за престој додека трае нивното оздравување, као и подобри услови на нивните родители кои се на Клиниката со нивните деца и воопшто, за целиот персонал кој се грижи за нивното оздравување.
продолжува на Фактор.мк