МАЛКУ СРЕЌА СО ЗДРАВКО: Концерт на Чола во Скопје
Здравко Чолиќ ќе одржи концерт во Скопје на 10 ноември, во ВИП Арената „Борис Трајковски“ објави продуцентската куќа „Прагма“.
Најголемата балканска поп-ѕвезда, во Скопје ќе ги промовира песните од актуелниот, 15 по ред студиски албум „Ono malo sreće“. Лани, Чола настапи на традиционалната Велешка питијада. Во кусиот разговор, тој ни раскажа за своите ќерки, Уна Звездана, која има 17 години, и дванаесетгодишната Лара.
„ Уна е сега во фаза кога сака многу да излегува. Сака клубови. Се трудам да ја разберам, и велам дека сѐ доаѓа во свое време. На Лара допрва ќе и дојде тоа време. Јас не сум строг родител, и забавно е да си татко на тинејџерки“, изјави Здравко.
Својот концерт, тој го најави уште на 30 мај, кога го прослави својот 67. роденден.
„За роденден си посакувам уште долго да ве радувам со моите песни. Ете ме наскоро, на концерт во Скопје“, ни изјави Чолиќ во мај.
Влезниците за скопскиот концерт ќе бидат пуштени во продажба на 1. септември, и можат да се набават преку продажната мрежа на „Купикартизасе“, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” - Веро 2. (М.Џ.)