Манастирска посна пита на вода: Сочна и вкусна, а готова е за 20 минути (ВИДЕО)
Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за посна пита на вода, која е многу вкусна и сочна.
Потребни намирници:
500 гр готови кора за пита
500 мл сос од домати
2 чешниња лук
6 глави млад кромид
800 гр печурки
2 чаши ориз (варен)
Сол, бибер, сув босилек
Начин на подготовка:
Во тава се става сосот од домати и се додава сечканиот лук и кромид и се издинстат на тивок оган, па се додаваат сечканите печурки. Додадете го оризот и зачините, измешајте и оставете да се излади. Тавата обложете ја со хартија за печење, па премачкајте ја со сос од домати, а потоа ставете ја кората. Попрскајте ја кората со сос, а врз неа ставете уште една кора (исто така посипете со сос), па прелијте го филот, па постапката повторете ја до крај. Покријте го со доматен сос и печете го на 200 степени околу 20 минути.
Бон апетит!
Фото и Видео: Youtube
Извор: стилкурир
Посен и брз рецепт: Неверојатно вкусни шпагети во црвен сос и маслинки