Посен и брз рецепт: Неверојатно вкусни шпагети во црвен сос и маслинки

Добивај вести на Viber

За некој ден завршуваат божиќните пости, па токму затоа ви носиме интересен посен рецепт за сос за паста, или во нашиот случај, шпагети во црвен сос и маслинки.

Вкусни, брзи и лесни за подготовка.

Потребни намирници:

- едно пакетче шпагети (или паста по ваш избор - посна)

- една средна главица кромид

- 2-3 чешниња лук

- 2 морковчиња

- 1 тиквичка

- 1 домашна салса (доколку немате можеедна конзерва пелати)

- 3-4 мали лажици доматно пире

- сол

- црн бибер

- оригано

- малку шеќер

- маслинки

Начин на подготовка:

Сварете ги шпагетите (или пастата која ја сакате) по упатствата кои ги пишува на опаковката, измијте ги и ставете ги настрана.

Кромидот и лукот исечкете ги на ситни коцкички, а морковот и тиквичката изрендете ги. Во тавче подлабоко на среден оган ставете малку масло за готвење (можете и маслиново) и ставетего да сепропржи прво кромидот, по 1-2 минути додадете го и лукчето, а потоа и морковот кој се пропржува поубаво, а на крај и тиквичката. Откако ќе се пробржат убаво додадете ја салсата или конзервата палети, промешајте убаво и вкусете, доколку е малку киселко (поради салста или пелатите) додадете малку шеќер.

Потоа додадете 3-4 лажици доматно пире и останатите зачини, по ваша желба. Нека се прокрчка уште некоја минутка, сервирајте и за подобар вкус и декорација додадете маслинки.

Бон апетит!


Фото: unsplash