Марко зависи од добрината на непознати луѓе: Да му помогнеме да се избори со болеста која му го загрозува животот

Проверете можеби баш вие може да помогнете !

Родителите Маја и Митко Ташеви од Кавадарци апелираат за повеќе потенцијални дарители за срцевина затоа што на нивниот син Марко итно му е потребна трансплантација на матични клетки.

Марко е момче на возраст од 1 година и боледува од имунолошка болест која се лекува со трансплантација на коскена срцевина.

Бидејќи во семејството на Марко нема компатибилен дарител, Марко зависи од добрината на непознати луѓе за да се справи со имунолошката болест која му го загрозува животот.

Мајката на Марко вели „Патот по кој одиме е тежок и полн со секојдневни предизвици. Марко е многу мал и неговиот имун систем ги напаѓа неговите црева, што го ограничува во развојот. Понекогаш има и други симптоми и инфекции. Но, се бориме, размислуваме за сите можности и се надеваме дека ќе најдеме решение за Марко.

Затоа тие ги повикуваат сите кои се во можност да се зачленат во НФС - Дарителски регистар за срцевина”, да се тестираат и да им помогнат нивното момче да се избори со болеста.

Пријавување на: https://sfsmdr.eu/donor-application/step1