МАРТИЈА ПОРАСНА: НОВ СПОТ НА „ПИНК ЅВЕЗДИЧКАТА“

Добивај вести на Viber

Младата поп-пејачка Мартија Станојковиќ сними нов сингл. Баладата „Те сакам“, за неа ја напиша Александар Масевски, кој е автор на музиката, текстот и на аранжманот. Со Масевски, Мартија соработуваше и на јуниорскиот „Евросонг“  преклани, кога како претставник на Македонија ја испеа песната  „Love Will Lead Our Way“ во Валета, Малта. 

Мартија сега има 14 години.- дел од новиот спот

Во видео спотот за новата балада, видлива е драстична трансформација на девојчето кое стана миленичка на јавноста, откако во 2016 година го освои второто место на регионалиот музички натпревар „Пинк ѕвездички“  во Белград. Мартија сега е тинејџерка и има 14 години. Спотот за „Те сакам“ е во режија на Огнен Шапковски. Погледнете го видеото: