Маски треба да носат само повозрасните, за сите останати треба да се укинат веднаш: Проф. Даниловски оценува-епидемиолошката состојба дозволува

Добивај вести на Viber

Средношколците на големо задоволство ја дочекаа одлуката на Комисијата за заразни болести согласно која се препорачува укинување на задолжителното носење маски за време на часовите. Секако, ќе треба да почекаат уште некое време, бидејќи за да стапи на сила потребно е прво да се изјасни и Главниот кризен штаб, а потоа да се усвои и на седница на Влада. Во основните училишта, учениците веќе не мора да ги носат маските.

-Нормално дека се радувам на ваквата препорака. Не е баш најпријатно да се седи со заштитна маска цел ден за време на часовите. Ние и онака по завршување на училишните обврски имаме низа други активности каде што не носиме маски. Најголемиот дел од нас се занимава со спортски активности, музика, односно часови по пијано, гитара...Да не споменувам дека и постојано се дружиме во кафулиња, родендени, забави... Освен тоа, многумина од нас средношколците и ја прележаа болеста, мал дел сме и вакцинирани, така што навистина се радуваме што Комисијата за заразни болести вчера препорача и ние да не мора задолжително да ги носиме маските, вели Д. К, ученик во скопската гимназија „Никола Карев“

Истовремено, во изјава за Фактор, епидемиологот Драган Даниловски посочува дека епидемиолошката состојба во Македонија дозволува маските да се симнат веднаш и тоа да важи за сите, совен за повозрасните и тоа во затворени простории.

Детали читајте на Фактор тука.